Биткоинот падна под 42.000 долари

- Advertisement -

Биткоинот деновиве падна под 42.000 долари за прв пат од 23 март, поради зголемената загриженост за зголемување на референтната каматна стапка во САД.

Најголемата криптовалута во светот падна на 41.918 долари во Азија, повлекувајќи се седми ден по ред во последните осум сесии.

- Advertisement -

Вредноста на биткоинот е под 50 дневниот. На берзата во Хонг Конг се тргуваше со оваа валута за 41.998 долари, што е пад од 2,6 отсто на дневна основа.

Откако кон крајот на март достигна највисоко ниво од нешто повеќе од 48.000 долари, биткоинот и другите криптовалути се во надолен тренд поради претпазливоста на инвеститорите поради заострувањето на монетарната политика на САД за да се ограничи растот на потрошувачките цени.

- Advertisement -

Инфлацијата во САД, според прогнозите на економистите пред утрешното објавување на податоците, веројатно го забрза растот на 8,4 отсто во март, што е највисоко ниво од почетокот на 1982 година, наведува њујоршката агенција.

Затоа, Федералните резерви можеби, според главниот економист на Голдман Сакс, Јан Хакијус, ќе треба да ги зголемат каматните стапки над 4 отсто оваа година.

- Advertisement -

Очекуваниот посилен пораст на трошоците за позајмување ја загрози побарувачката за поризични средства како што се криптовалутите и акциите на технолошките компании, чии цени се повеќе се во тандем.

Останатите водечки виртуелни токени, исто така се во пад.

Фото – Biznewspost

Сподели!
- Advertisement -