ВИДЕО: Две генијални иновации кои го чистат отпадот од реките

- Advertisement -

Секоја година 8 милиони тони пластика завршуваат во океаните. Ако сега не се преземе ништо, таа количина ќе се дуплира до 2025 година. Повеќе од 1.000 реки во светот носат 80% од пластичниот отпад во океаните.

Овие две генијални иновации помагаат да се исчисти целиот отпад од реките. TrashBoom се бариери кои се поставуваат на реките и го стопираат отпадот што се движи со текот на реката. Се состојат од цевки и мрежа и лесно може да се направат од материјали кои може да се најдат локално.

- Advertisement -

Оваа иновација е на компанијата Plastic Fischer, која работи во Индија и Индонезија на процесирање и сортирање на отпадот. Истовремено обезбедува работа за локалното население, кое помага во собирањето на отпадот.

Компанијата јавно го објави упатството за конструирање на TrashBoom за секој што сака лесно да може да учествува во чистењето на отпадот од водите.

- Advertisement -

Компанијата RiverRecycle поставува 500 точки за менаџирљање со отпадот на најзагадените реки. Посебните пловки кои ги поставуваат го привлекуваат отпадто во колекторот, кој го вади од реката со подвижна лента, го сортира и го процесира.

Отпадот потоа се носи во фабрика за хемиско рециклирање и на тој начин од пластичниот отпад се добива нешто корисно наместо да ја загадува локалната средина или да заврши во океан.

- Advertisement -

Исто и центрите кои ги отвора оваа компанија нудат работа за локалното население. Во нивните 500 центри може да се процесираат до 3 милиони тони отпад годишно и да се вратат 300 милиони долари во локалните заедници, истовремено обезбедувајќи постојани приходи за 400.000 локални жители.

(World Economic Forum)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -