Еколошка амбалажа ја штити храната од расипување и воедно ја штити од навлегување на бактерии. Амбалажата може да ги убива микробите од типот на листерија и ешерихија коли. Направена е од пченкарни протеини и скроб, што значи дека е биоразградлива и одржлива. Во неа се додадени и природни антимикробни компоненти, меѓу кои масло од темјан и цитрусна киселина.
Кога амбалажата ќе биде изложена на поголема влажност или на ензимите кои ги произведуваат штетните бактерии испушта состојки кои ги убиваат опасните бактерии.
Амбалажата ја создадоа научници од Универзитетот Харвард и Технолошкиот универзитет Нанјанг од Синагпур. Тие велат дека нивната иновација ќе овозможи овошјето да трае многу подолго време. На пример, јагодите завиткани во нивната амбалажа останале свежи 7 дена. Тоа е три дена подолго отколку соо обична амбалажа.
Речиси половина од овошјето и зеленчукот кое го произведува оваа наша планета завршува во ѓубре. Ако успееме да спасиме барем една четвртина од храната што ја фрламе, ќе нахраниме 870 милиони луѓе.
(World Economic Forum)
(фото: Pixabay)