Во Португалија е нелегално шефовите да им испраќаат текстуални пораки на своите вработени после завршувањето на работното време. Компаниите ќе бидат казнети ако се обидат да воспостават контакт со вработените надвор од работа.
Исто така, се забранува и мониторингот над вработените кои работат од дома. Покрај тоа, компаниите ќе треба да им помагаат на вработените кои работат од дома да си ги платат сметките за струја и за интернет.
Португалскиот Парламент ги изгласа овие измени и ги додаде на постојните закони. Целта на сето тоа е да се подобри балансот меѓу работниот и приватниот живот на луѓето, особено затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 се повеќе луѓе работат од дома.
Новите правика треба да им го олеснат и животот на родителите. според новите правила, тие ќе можат да работат од дома во кое било време без да поднесат известување се додека нивните деца не наполнат 8 години.
Новите промени се однесуваат само на компаниите со најмалку 10 вработени. Притоа, Португалија не е единствената земја која се грижи за правата на вработените надвор од канцеларија. Во 2017 година на Французите им беше дозволено да ги игнорираат имејловите кои им се испратени после завршувањето на работното време.
Правото „да се дисконектирате“ наскоро може да стане дел од законите на ЕУ откако минатата година бројот на луѓе во ЕУ кои работат од дома порасна за повеќе од дупло.
(World Economic Forum)
(фото: Piqsels)