Оваа куќа може да биде склопена за само шест часа од тројца луѓе

- Advertisement -

Станува збор за монтажна куќа која е отпорна на земјотреси и има одличен еколошки систем со соларни панели. Зад оваа иновација стои компанијата M.A.Di Home на италијанскиот архитект Ренато Видал

Иднината ни тропа на врата во сите животни сегменти, па така и во градежништвото и архитектурата. Оваа монтажна куќа според потребите може да се преместува. За монтирање на куќата доволни се само тројца луѓе и шест часа работа, а во зависност од квадратурата, може да чини од 30 000 до 65 000 евра, известува 24sata.

Куќата се состои од основни модели кои вклучуваат инсталација на потребната електрика, кујна и бања, а испораката е најдоцна од 60 дена од денот кога ќе прифати конечниот нацрт.

- Advertisement -

Моделот целосно се произведува во Италија, отпорна е на земјотреси, со инсталирани соларни панели и LED осветлување. Вакви куќи може да се градат каде било и без потреба од конструкциски бетонски темели.

Сподели!
- Advertisement -