Револуционерна терапија уништува до 75% од ракот на црниот дроб

- Advertisement -

Користејќи фокусиран ултразвук американски научници успеаја да уништат до 75% од волуменот на тумор на црн дроб. Освен тоа, изгледа дека терапијата исто така помогнала да се поттикне имунитетот на стаорците на кои се тестирала терапијата и имунолошкиот систем на стаорците самиот се изборил и го исчистил остатокот од туморот.

Кај 80% од животните изгледа дека ракот е целосно уништен, без знаци на метастази или повторно враќање во период од три месеци, колку што траела студијата. Лекувањето се вика хистотрипсија и моментално се тестира на луѓе со дијагноза рак на црн дроб.

- Advertisement -

Хистотрипсија е опција која дава надеж дека може да ги надмине моменталните ограничувања на достапните модалитети на аблација и да обезбеди сигурна и неинвазивна аблација на туморот на црн дроб. Се надеваме дека резултатите од оваа студија ќе мотивираат претклинички и клинички истражувања со конечна цел клиничко усвојување на лекувањето со хистотрипсија.

Хистотрипсијата, која ја развија научници од Универзитетот Мичиген, нуди нова надеж за пациентите со една од најсмртоносните форми на рак, каде што петгодишната стапка на преживување моментално е пониска од 18% во САД. Техниката користи ултразвучен претворач, не за одбивање од внатрешните структури, туку за физичко пореметување на канцерогените тумори.

- Advertisement -

Начинот на кој делува е ултразвучна кавитација, односно слично на методот кој се користи за неинвазивно разградување на масните клетки во третманите за слабеење. Ултразвучните бранови се користат на делот што се третира. Вибрациите создаваат ситни меурчиња во таргет-ткивото. Кога меручињата ќе колабираат или ќе пукнат, ткивото се пореметува и на тој начин се уништува и тој дел од туморот.

За потребите на студијата на 22 лабораториски стаорци им бил имплантиран рак на црн дроб. Половина биле оставени како контролна група, додека останатите 11 успешно се лечени со хистотрипсија. После третманот стаорците биле еутаназирани и сецирани за да се утврди колку било успешно лекувањето.

- Advertisement -

(Science Alert)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -