Нова водена турбина создава исто енергија колку 12 соларни панели

- Advertisement -

Канадската компанија Idenergie претстави нов хидрокинетички дизајн на турбина која собира енергија од проточна вода и ја претвора во електрична енергија. Со оглед на тоа дека многу земји сакаат да ја намалат зависноста од фосилни горива, има потреба за развој на методи за искористување на обновливите извори на енергија. За тоа главно се користат турбини на ветар или соларни панели, но и едните и другите имаат ограничувања кога станува збор за капацитетот за генерирање енергија. Турбините на ветар зависат од брзината на ветрот, додека соларните панели не работат кога нема сонце.

Меѓутоа, турбините на вода работат постојано. Во минатото користењето плимни турбини се поврзувало со загрозување на живеалиштата на водениот жив свет и вегтацијата, но компанија од Монтреал создаде посебна турбина со ротор од типот Darrius, кој не му наштетува на екосистемот и е направен од алиминиум, па и лесно се рециклира.

- Advertisement -

Турбината се испорачува расклопена, а се склопува во седум едноставни чекори. Дизајнот на турбината вклучува и мотор без осовина, кој спречува водата да навлезе во генераторот, а со тоа се намалува потребата за одржување.

Кога е на максимум, една турбина може да произведе 12 kWh електрична енергија, а поврзана е со батерии кои постојано се полнат. Дури и со намалена енергија дневно производниот капацитет на турбината обезбедува доволно енергија за да ги напојува уредите во домаќинството како фрижидер, телевизор, компјутер и осветлување.

- Advertisement -

Како што тврдат производителите, една турбина може да произведе енергија колку 12 соларни панели, а покрај тоа може и постојано да работи. Кога има потреба, турбината може да се прилагоди на условите на водениот тек, како 9и да се постави во плитка вода и на место каде што брзината на протокот на вода е помала од 1 метар во секунда.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Idenergie)

Сподели!
- Advertisement -