Оваа компанија прави велосипеди од бамбус и ја штити животната средина

- Advertisement -

Оваа компанија прави велосипеди од бамбус и на младите луѓе им дава работа, транспортни средства и им овозможува да имаат подобро здравје. На овој начин тие истовремено ја заштитуваат животната средина и помагаат да се спречат климатските промени.

Причината зошто користат бамбус за изработка на велосипедите е затоа што бамбусот го има во изобилство во Гана и нема потреба да го увезуваат. Бидејќи немало луѓе кои знаеле како да направат велосипеди од бамбус во Гана, од компанијата Ghana Bamboo Bikes морале сами да бараат начини како да го изведат тоа.

- Advertisement -

Бамбусот е поцврст од челик и во споредба со правењето велосипеди од метал, при користењето бамбус се троши многу помалку енергија и многу помалку штетни хемикалии. Bamboo Bikes обучила повеќе луѓе како да прават велосипеди од бамбус и отворила нвои работни места во руралните средини, особено за жените.

Како последица на тоа се намалила миграцијата од село во град во потрага по работа. Велосипедите кои ги прави оваа иновативна компанија ја намалуваат емисијата на штетни гасови во сообраќајот. Освен тоа, компанијата има донирано стотици велосипеди на локалните рурални училишта. Во тие региони немањето транспорт е една од главните причини зошто децата не посетуваат настава.

- Advertisement -

За секој бамбус што ќе го исечат за да произведат велосипед компанијата сади 10 нови. Бамбусот ја спречува ерозијата на земјиштето, која е опасна за живеалиштата на фармерите. Корењата на едно растение бамбус можат да се испреплетат на површина од 6 квадратни метри под земја, а го апсорбираат и вишокот вода која може да го измие горниот плоден слој од почвата.

Некои научници сметаат дека во иднина бамбусот може да го замени челикот како поевтин и поодржлив градежен материјал. Велисипедите од бамбус се доволно евтини за да можат да ги купат жителите на Гана, а се извезуваат и во светот, вклучително и во САД и Јапонија.

- Advertisement -

Бамбусот е недоволно искористен ресурс во Африка. На континентот расте 12% од вкупниот број растенија бамбус во светот, а извозот на бамбус од Африка е само 1% од извозот на глобално ниво. Причината за тоа е фактот дека локалното население нема вештини и потребно знаење за да направат богатство од тоа.

Ghana Bamboo Bikes го менува тоа и ја штити животната средина.

This company makes bikes out of bamboo

A plant that is stronger than steel. 📕 Read more: https://wef.ch/335SMjN

Posted by Video – World Economic Forum on Четврток, 08 август 2019

Сподели!
- Advertisement -