Вечерва: Промоција на „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

- Advertisement -

Вечерва во 18 часот во склоп на Саемот на книга, на штандот на Издавачки центар ТРИ ќе се одржи промоцијата на петтата книга на Коста Петров, „Што ќе кажат другите?“.

- Advertisement -

„Животот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање круг составен од луѓе, верувања и мислења кои не се само важни туку се и нужни за нашиот личен успех“, што според авторот Петров е мотивот за создавањето на оваа книга.

На промоција ќе биде присутен и авторот кој ќе биде достапен за посетителите за прашања во врска со новата книга, во којашто пишува „Барањето одобрување од другите и грижата што мислат тие за нас е нешто сосем нормално, бидејќи е дел од човековата природа. Но тоа не значи дека секој од нас, во одреден момент во животот, не се обидел да го пронајде одговорот на најтешкото животно прашање – како да не се грижам што ќе мислат другите за мене? Одговорот е во кругот! Но не секогаш кругот е совршено затворен. Понекогаш спротивните верувања го разнишуваат. Ако кругот е доволно силен, човекот во него ќе го направи имун пред тие туѓи влијанија, и само тогаш ќе може да ги надмине препреките. Само човекот што се наоѓа во вистинскиот круг, кој е опкружен со вистински луѓе – може да направи чуда.

- Advertisement -

За неговата петта книга, тој вели: „Книгава е таква каква што е. Дали е поразлична од сѐ што досега сум напишал? Се разбира, бидејќи ни јас не сум тој што сум бил пред пет години, кога ја објавив мојата последна книга. Но во тоа е убавината на живеењето. Секојдневно учиме нови лекции, созреваме, се менуваме. Ова е моето животно патување. Моите стравови. Моите одлуки. Моите сомнежи. Моите падови. Моите успеси. И без разлика на тоа што некои работи беа многу болни за пишување, не би променил ништо во мојот живот. Сѐ си е во совршен ред. Така како што навистина треба да биде.“

Коста Петров е основач на Пи Ворлд, креативна агенција со канцеларии во Скопје и Монтреал, Канада и присуство во над 40 земји во светот. Тој е и автор на стиховите за песната „Proud“ (Гордост) што ја испеа Тамара Тодевска и беше задолжен за целокупното евровизиско претставување на Македонија во 2019та во Израел што ѝ донесе прво место од стручното жири на земјава. Од август 2019та до мај 2021ва Петров беше и Потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Со над 50 000 продадени примероци од неговите четири книги, Петров е и еден од најпродаваните автори во Македонија во последните неколку години.

Сподели!
- Advertisement -