Борбата со климатските промени и губењето на биодиверзитетот се сложен прашања, кои со години се тема на напорни и здодевни раздовори. Но, што ако има поинтересен начин на решавање на двата проблеми?
Австралискиот стартап AirSeed Technology и нивните дронови кои носат семиња и можат да посадат 40.000 дрвја дневно е нов начин на борба против обесшумувањето. Иновативната технологија на компанијата е комбинација од вештачка интелигенција со специјално дизајнирани мини контејнери за семиња кои може од небото да се фрлат на земјата. Компанијата тврди дека овој начин е 25 пат побрз и 80% поевтин во споредба со традиционалните методи на пошумување.
Како фунцкионираат тие контејнери со семиња? Како што пишува на страницата на компанијата, патентираните мини контејнери се евтино решение за пошумување со локални видови на стебла и да се обезбедат потребните хранливи материи за изртување на семињата, кои можеби ги нема во локалната почва.
Дроновите кои ги садат тие семиња се целосно автономни и тоа го прават во два чекори. Првата рунда на летови е за да се идентификуваат специфичните локални видови на стебла и да се создаде една оптимална шема на садење. Потоа собраните податоци се користат за да се мапира прецизен план на летање кој ќе го следат дроновите. Планот диктира и кога карбонските мини контејнери со семиња ќе бидат исфрлени на однапред дефинирани GPS координати.
Кога ќе бидат исфрлени семињата, истражувачите продолжуваат да ги користат дроновите за детектирање и следење на промените на теренот, за броење на стеблата и за пресметување на биомасата.
„Тоа помага прецизно да се следи и да се регистрира стапката на раст и успешноста на пошумувањето“ се вели на веб страницата на AirSeed Technology.
(Interesting Engineering)
(фото: YouTube)