ВИДЕО: Samsung најави како ќе изгледа ерата на 5G – го претстави својот 5G град

- Advertisement -

Сте се запрашале ли како ќе изгледаат градовите од иднината каде што 5G мрежата поврзува се во вашиот секојдневен живот? Видеото Samsung Electronics Newsroom ни овоможува да навестиме како ќе изгледа таа иднина. Samsung Electronics направи вистински 5G град за да покаже одредени аспекти од 5G ерата. Градот се наоѓа во рамките на Digital City во Сувон, Кореја и е составен од три дела: 5G Stadium, 5G Connectivity Node  и 5G Kiosk.

5G Stadium е спортски стадион од 5G ерата. Стадионот овозможува луѓето да гледаат видеа во висока резолуција и повеќе ќе нема потреба од пуштање снимки за да се види некој удар или погодок.

- Advertisement -

5G Connectivity Node е еден од главните аспекти на 5G технологијата во паметните градови. CCTV камери, дигитални сообраќајни знаци и секакви видови сензори се конектирани преку 5G и други технологии како Wi-Fi, Bluetooth и Zigbee. Така се овозможува поинтелигентен и попрецизен начин на следење на сообраќајот, мерење на температурата и емитување различни содржини. Симнувањето содржини од Интернет со екстремна брзина станува секојдневие со помош на таканаречениот 5G Kiosk, односно хотспотот од иднината. Кога 5G тест автобусот ќе помине покрај вас, брзината на симнување е 1 до 3Gbps, што значи дека нешто со големина од 500MB може да се симне за 5-6 секунди.

Сподели!
- Advertisement -