SN финансии го стартуваше својот Business Academy Hub

- Advertisement -

Проект, кој деновиве стартуваше со Економскиот Факултет во Прилеп, при Универзитетот Св.Климент Охридски од Битола, а во агендата оваа комапнија има уште неколку факултети на различни универзитети, така што ова е само почеток.

“Доаѓа време кога не е доволно, да објавите оглас, да ви се пријават кандидати, да побарате препораки….тоа е едно минато време во кое многу компании се сѐ уште заглавени. 

- Advertisement -

СН финансии, која е релативно млада компанија, постои 5 години, веќе започнува со развивање на програми за идентификување на студенти и талент програми на кои се пронаоѓаат најдобрите” – истакна Никола Јошевски, ко-основач и генерален директор на СН финансии на средба со студентите.

На официјалниот старт потпишан е меморандум за соработка, а започнува серијата предавања на експерти од оваа водечка ФинТек комапнија прва кај нас формирана од домашен капитал, а ќе се работи и на есенски хакатон и вмрежување на студентите од партнерски факултети од Европа кои се заинтерсирани за истражувања во оваа област.

- Advertisement -

“Низ годините со нашите партнери СН Финансии соработувавме на различни начини, но еве денеска и формално и официјално започнуваме нешто ново, со интересен концепт на поврзување на академијата, бизнисот и студентите. Уште поважна да се истакне е неговата операционализација како во наставно-научниот процес, така и во унапредување на студентскиот стандард и живот, со директна и сестрана заложба на сите вклучени страни” – истакна деканката, проф. д-р Драгица Оџаклиеска.

Кога ќе се спојат академијата и бизнисот, тогаш се случува •Заеднички до најдоброто• тврдат од факултетот, што е одличен пример како бизнисот и академијата можат да соработуваат. Оваа соработката според нив е огромна шанса за студентите. 

- Advertisement -

“Со СН Финансии како напреден финтек пионер, со нашите алумни вработени во истиот како мостови на комуникација, со тековните и идните студенти како одржувачи на идејата и со нас – професорите како овозможувачи и поттикнувачи, веруваме дека овој трипартитен мотор на креација и соработка ќе генерира многу квалитет и ќе трае со генерации. Зошто? Затоа што ги имаме и желбата, и идеите, и можностите, и компетенциите, а и поривот да направиме позитивен импакт на нашето општество како Економисти – Оптимисти. Градењето вакви екосистеми кои добиваат смисла преку Business Academy Hub е чекор во точен правец, само така ко-создаваме и напредуваме сите” – изјави Доц. Д-р Рената Петревска Нечкоска, координатор на соработката.

За прв пат Факултетското Студентско Собрание на Економски Факултет Прилеп станува  еднаков чинител во една идеја и реализација на соработка на академијата и бизнисот преку и со студентите. 

“Веруваме дека вака и студентите ќе се чувствуваат директно мотивирани да создаваат и да возвраќаат повеќекратно – со ангажман, идеи, знаење, вештини, проекти. Ова е наша инспирација и платформа – благодариме и работиме на реализација на овој предизвик чекор по чекор” истакна Ѓорѓи Вељаноски, претседател на Факултетското Студентско Собрание кој исто така со свој потпис стои во официјализирање на оваа соработка.

Факт е дека новото време бара носители на глобален иновативен експеримент за дифузија на академијата со бизнисот при што на студентите се гледа како на големо потенцијално богатство, а ваквите соработки стануваат и научен полигон во кој можат да се креираат многу иновации во ФинТек индустријата кои оттука можат да се продадат да на светот.

Сподели!
- Advertisement -