Полско-литванскио гасовод за транспорт на природен гас, вреден 500 милиони евра, беше пуштен во работа, со што е завршена уште една фаза од обезбедувањето на регионалната независност од руските извори на енергија.
Претседателот на Полска, Анџеј Дуда, рече дека гасоводот, кој е долг над 500 км, е пуштен во работа во време кога Русија уште еднаш се обидува да ја уценува Варшава со гасот.
Литванската премиерка, Ингридас Симоните, вели дека за руската продажба на гас секое намалување или прекинување на тој извор на финансирање има многу големо влијание врз руската економија и на способноста на Москва да ја финансира војната во Украина.
Делот од гасоводот кој поминува низ Литванија и Полска е интегриран со гасоводите во Естонија, Летонија и во Финска, како и во системот на ЕУ за транспорт на гас.
Пред изградбата на полско-литванскиот гасовод тие земји добиваа гас единствено од Русија.
(Bizlife)
(фото: Pxhere)