Niksen – како Холанѓаните уживаат во правење ништо

- Advertisement -

Уживањето во паузата од секојдневниот живот го подобрува здравјето и мирот, а ја поттикнува и креативноста. Се чини дека секој народ си има свој концепт на опуштање и „полнење на батерии“ со посебен збор во јазикот кој се однесува исклучиво на тоа дејство.

Данците го имаат hyggeШвеѓаните го користат lagom кој пак се однесува на скромно живеење и friluftsliv што значи живеење отворено. Ваквите зборови кои се однесуваат на цел концепт на живеење од неодамна станаа и Instagram трендови, што е интересен феномен – како од еден концепт произлегува цел начин на живот.

- Advertisement -

Новиот збор, односно концепт, кој од неодамна исто така се популаризира, овојпат доаѓа од Холандија. Тоа е зборот niksen, што во буквален превод би значело правење ништо. Ваквиот концепт треба да потсетува на тоа дека правењето ништо или намерното одбегнување на продуктивноста понекогаш носи предности.

Живееме во време исполнето со стресови и секој ден брзаме да завршиме колку што е можно повеќе од утро до вечер. Западната работна култура е исполнета со обврски кои никогаш не завршуваат, а продолжуваме вака дури и кога сме свесни за оваа ситуација поради која остануваме без здрав сон, без слободно време, без време за размислување и без време кое ќе го минуваме со фамилијата или со омиленото хоби.

- Advertisement -

Иако можеби концептот на niksen некому ќе му звучи досадно, психолошките студии покажале дека периодот на досада всушност може да ни ја подобри менталната состојба.

- Advertisement -

„Британска студија им дала креативен предизвик на учесниците – да смислат алтернатива за одредени предмети кои ги користиме во домаќинството. На една група на учесници прво им била дадена досадна задача, додека пак втората група на учесници веднаш почнала со креативниот предизвик. Оние кои прво минале период на досада, на крајот дале покреативни и инвентивни одговори“ пишува The Atlantic.

Niksen, всушност, е концепт кој пропагира ментално релаксирање, дури на моменти и отсуство од сегашноста. Поттикнува умствено талкање и имагинативни дигресии. Можете да го доживеете овој концепт во моменти кога гледате низ прозорецот подолго време, лежете будни во кревет, слушате музика, гледате како се суши бојата на ѕидот… Во една реченица – темелно задоволство на животните паузи.

Дали и вие сте го искусиле niksenсвесно или несвесно, во домот?

Сподели!
- Advertisement -