Штипската конфекција „Вера Монд“ го воведe светскиот тренд – 3Д моден дизајн во своето производство!

- Advertisement -

Дигиталната трансформација на текстилната индустрија е светски тренд што се повеќе наоѓа примена и во нашите производствени погони. Компанијата „Вера Монд“ од Штип е еден од пионерите на 3Д моделирањето во индустријата со отворањето на новиот сектор во компанијата – VM3D – 3D Fashion Design минатата година. Компанијата, која е основана во 1997 година и работела како лон производител за бројни германски и италијански брендови, во последната година доживува трансформација.

Резултатите од воведувањето на нови иновативни технологии, вели Јасмина Чанева-Лазовска, основач на секторот VM3D, се одлични и на компанијата и донеле поместување во синџирот на текстилната индустрија од последно место како лон производител на прво место како креатор на производи.

- Advertisement -

Разговараше – Сања Наумовска

Јасмина, вашата компанија „Вера Монд“ го започна процесот на дигитална трансформација со имплементирање на 3D моден дизајн. Што значи овој нов пристап за вас, но и за глобалната текстилна индустрија?

- Advertisement -

„Вера Монд“ процесот на дигитална трансформација го започна на почетокот на 2021 година преку развој на нов сектор во компанијата – VM3D – 3D Fashion Design. Процесот на дигитална трансформација во текстилната индустрија, на ниво на компанија, сектор, гранка или пак глобално ниво е процес кој е неопходно да се случи бидејќи преку него се решаваат суштински проблеми, а воедно се отвараат и нови можности. Еден од проблемите е просечната возраст на работничките во текстилна индустрија од 52 години, а решението е во примена на дигитални тежнологии кое директно е поврзано со вработување на млади лица кои поседуваат дигитални вештини или пак капацитет да ги развиваат истите. Исто така, проблемот со лон производството и ниската додадена вредност која е директно поврзана со ниско квалификувана работна сила се решава со развој на моден производ со дигитални алатки, висока додадена вредност и поместување за неколку скалила во процес на создавање на производ.

Загадувањето на околината, пак, преку создавање на непотребен број на мости (парчиња) во процесот на развој на производот има решение во дигиталниот развој на производ, што од една страна повеќекратно го забрзува процесот на развој на производ, а од друга страна за 70% го намалува отпадот создаден во процесот на создавање на развој на производи. И проблемот со нефлексибилност и ексклузивност на процесот на развој на модните производи се решава со користењето на дигитални алатки со што станува процес кој се здобива со сите епитети и одлики на модерно живеење – инкузивен процес, не врзува со време на работа, место на работа, нула отпад, глобални можности за стекнување со вештини, глобални можности за работа и делување.

- Advertisement -

Што креирате со помош на 3D технологија?

За да се создаде моден производ со 3Д технологија основно е да се поседува лиценца за 3Д софтвер во кој се врши трансформација на дигиталните кројни делови од 2Д во 3Д. (Слика 1) За да ја добиеме визуелизацијата на крајниот производ се прави фитинг на аватар кој може да се креира согласно потребите. Во суштина со користење на дигитални алатки на кројните делови им се даваат карактеристики на реална ткаенина, истата во 3Д се составува, шие и фитингот го гледаме на аватар. Не постои ограничивање по однос на видот на модно парче кое може да се создаде виртуелно.

За да добиеме реална визуелизација вршиме дигитализација на ткаенинана која се аплицира модниот производ.

Што значи тоа за вашата конкурентска позиција на светскиот пазар, какви бенефити имате откако почнавте да користите технологија?

Воведувањето на дигитални алатки за нас значи поместување во синџирот на текстилната индустрија од последно место како лон производител на прво место во развој на производ. Сега работиме како outsourcing компанија која им помага на странските брендови во развојот на производот и во продажбата, заедно работиме на развојот на новите колекции. 3Д модниот дизајн е релативно нов на глобално ниво. Брендовите кои работат масовно производство водени од принципите на одржливост и конкурентност немаат друг избор освен дигитализација на сите нивоа на делување.

Како дојдовте на идеја да воведете иновативна модерна технологија во текстилното производство?

„Вера Монд“ е семејна компанија која работи како лон производител на текстилни производи веќе 25 години. Јас како наследник, не гледајќи просперитет во традиционалниот начин на работење, делумно или речиси целосно го напуштив фамилијарниот бизнис. Инспирација за воведување на дигитална технологија најдов на крајот на 2020 година во изреката на Џошуа Јанг, меѓународен експерт за дигитална трансформација во модна индустрија, „Секоја индустрија мора да го следи чекорот на новото време, новите генерации живеат во дигитално време, младата работна сила е есенцијална за растот и развојот затоа компанијата која дигитално ке се трасформира е компанија која ќе има иднина“. Дигиталната трансформација може да се случи на повеќе начини и нивоа, за мене 3Д Модниот дизајн во тој момент претставуваше опција за трансформација и мотивација повторно да се вратам во фамилирајниот бизнис.

Велите 3Д дизајнот влијае и на заштитата на животната средина. Како?

Текстилната индустрија на светско ниво е еден од најголемите загадувачи. Со 3Д дизајнот процесот на развој на производот од една страна финансиски и временски повеќекратно се скратува, а од друга страна се намалува бројот на развојни мустри од пет-шест на две контра мустри. Со тоа се намалува количината на хартија која се троши т.е се печати само финален шаблон, а процесот на создавање се скратува од четири-пет недели на една недела. На тој начин се заштедува и многу енергија.

Една од вашите цели е и да влијате на целиот текстилен сектор да ја прифати дигитализацијата. Што е потребно за да се реализира оваа замисла?

Воочувајќи ги бенефитите од воведување на дигитализацијата јас си поставив цел да извршам влијание на визијата за текстилната индустрија во Македонија, како гранка која не е атрактивна за младите. Не постои подобра подобра комбинација за просперитет од млади +мода+ дигитални вештини.

За да ја оставарам мојата цел со тимот кој работи во ВМ3Д најпрво работевме на едукација и усовршување и извршивме сертифицирање на првата програма за стручна квалификација и преквалификација во Центарот за образование на возрасните и МОН – Дизајнер на облека во 3Д. Започнавме да вршиме обуки, во тек се првите обуки и се надевам дека ќе се развиеме во центар кој ќе инспирира, мотивира и едуцира многу идни македонски фриленсери кои ќе работат локално, а ќе заработуваат глобално. Моментално вршиме уписи за летниот циклус на обуки за јули и август. Сите заинтересирани може дас е пријават на следниот линк.

Кои се вашите планови за иднината?

Иднината на ВМ3Д е интересно прашање, бидејќи кога работите со дигитални алатки мислам дека може да зборуваме само за блиска иднина бидејќи светот се менува преку ноќ. Имаме поставено две основни цели, првата е да се развиеме во конкурентен outsourcing servis кој во целост ќе ги задоволи потребите на своите клиенти, а втората е она што го работиме да го скалираме во што е можно поголем број на компании во Македонија за индустријата која гасне, да ја претвориме во индустрија која ќе живее и во иднина ќе обезбедува девизни приливи во државата.

Сподели!
- Advertisement -