Регулаторна објави најнови цени на горивата!

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 % во однос на одлуката од 9.05.2022 година.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-)  се намалуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС  не се менуваат.

- Advertisement -

Од 12.5.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин                   ЕУРОСУПЕР БС – 95                            90,50             (денари/литар)

- Advertisement -

Моторен бензин                  ЕУРОСУПЕР БС – 98                           92,50            (денари/литар)

Дизел гориво                                    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      87,00             (денари/литар)

- Advertisement -

Масло за горење                  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                        85,00            (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                                              53,848 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините  за 0,77 %, кај дизелот има намалување за 3,343%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442% и кај мазутот има намалување за 2,142%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 12.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели!
- Advertisement -