Вип ја организираше конференцијата „Women in Digital“ за влијанието на дигитализацијата врз родовата еднаквост

- Advertisement -

Во организација на телекомуникациската компанија Вип денеска се одржа првата конференција „Women in Digital”, чија главна тема е улогата и значењето на дигиталната технологија во развојот на општеството, како и нејзиниот придонес за еднакво учество на жените и мажите во сите општествени процеси, вклучувајќи го и бизнисот.

Учесниците на конференцијата од различни општествени сегменти, меѓу кои и голем број успешни и влијателни претставници од бизнисот, од академската заедница, од граѓанскиот сектор, медиумите и институциите, се запознаа со светските трендови во развојот и употребата на дигиталната технологија.

- Advertisement -

„Следејќи го мотото ‘Повеќе за вас’, Вип континуирано им нуди на корисниците иновативни и достапни решенија со висок квалитет, на најмодерна мрежа во која инвестиравме над 35 милиони евра. На ваков начин, на сите корисниции во Македонија им ги овозможуваме најновите светски информатичко-комуникациски технологии. Со тоа на граѓаните, на бизнисот и на општеството во целина им нудиме севкупна и брза дигитализација која, станувајќи достапна за сите, ги брише разликите во општеството, меѓу кои и родовите“.,  рече на отворањето на конференцијата, извршниот директор на Вип, Мислав Галер.

Во своето излагање, г. Галер кажа дека како компанија Вип обрнува внимание на родовата еднаквост со тоа што од вкупно 1100 вработени 50% се жени, од кои 46% се на менаџерските позиции во компанијата. Исто така тој посочи дека технологијата не познава родови поради што и жените и мажите можат подеднакво добро и успешно да се работат со технологијата.

- Advertisement -

Говорејќи за активностите што ги презема Владата во сегментот на дигитализацијата, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, истакна: „Процесот на дигитализација ги брише родовите разлики. Единствено што препознава се способноста, вештините и знаењата. Дигитализацијата како едно од главните обележја на нашето време е значајна за целокупниот развој на општеството. Владата прави големи напори во овој сегмент за да се создадат нови услови за иден развој. Во таа насока и е подготовката за Национален оперативен план за широкопојасен интернет кој ќе овозможи развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи“.

- Advertisement -

Министерот сподели за добрите пракси кои тој ги имплементирал во својот кабинет во однос на намалување на нееднаквоста на жените и мажите на работното место, со тоа што сите негови советници, шест на број, се жени. Исто така тој во своето излагање посочи дека до 2020 година, жените ќе бидат застапени во политиката во Македонија со 50%.

На присутните им се обрати и маркетинг директорката на Вип, Елена Панова која ги истакна достигнувањата на Вип во однос на дигиталниот маркетинг и сподели податоци од истражувањето кое Вип го има направено во однос на присуството на Македонците на Интернет. При тоа, таа ја истакна и клучноста на дигиталниот маркетинг наспроти традиционалниот за успех на модерните брендови и компании.

„Водени од потребите на модерното живеење Вип секогаш се фокусира на креирање иновативни производи и услуги што на корисниците им овозможуваат поедноставен и поефикасен начин на комуникација. Како дел од моќната Телеком Австрија Групација, Вип во чекор ги следи модерните дигитални трендови и ја овозможува дигиталната технологија широко достапна за сите.” додаде таа.

На конференцијата за регионалните искуствата со дигитализацијата и моќта што таа им ја дава, особено на жените во современиот деловен свет, говореше и Иван Скендер, директор за бизнис трансформација во Vipnet, а видео-обраќање имаше и Елизабета Кастаљони, главна извршна директорка во А1 Digital.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која истакнати успешни жени од повеќе општествени сфери од Македонија говореа за сопствените искуства и влијанието на дигиталната технологија врз нивниот професионален успех и животен стил. На панел-дискусијата се обрати Ира Стефанов-Бабиќ, извршна директорка на Бренд унион која напомена дека е всушност првата жена која водела Фејсбук страница за одреден бренд уште во 2008 година. Понатаму, збор зема и доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски, професорка и извршна директорка на Универзитет Американ Колеџ Скопје кој е првиот приватен универзитет во Македонија кој секогаш ги следи технолошките трендови, како и Вилма Учета-Дузлеска, извршна директорка на Кроација осигурување – Живот која пак зборуваше за влијанието кое го имала дигитализацијата на пазарот на осигурување.

На панел – дискусијата се обрати и Драгана Чифлиганец, извршна директорка на Адора Инженеринг која ја потенцираше важноста на дигиталните технологии за пазарот на недвижнини, особено виртуелната реалност како еден од најдобрите начини како да им се презентира и продаде на купувачите. На присутните им се обрати и Сузана Јошевска-Анастасовска, адвокатка од адвокатска канцеларија „Станковиќ-Јошевска“ која пак раскажа како технологијата го менува светот на правото, како и Славица Биљарска која е една од основачите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и  ПР консултант и ко-организатор на AllWeb конференцијата – позната како првата конференција за дигитален маркетинг во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -