Во месецот на будењето на пролетта и новиот живот, Верица Огњанова, реики IIIА практичар, студент на природна медицина, хербализам и нутриционизам, лајф советник и посебен родител на ќеркичка со Даунов синдром oрганизира
обука за прочистување на женската креативна сила и енергија.
„За да се создаде нешто брилијантно и прекрасно, секако треба прво да се ослободиме од старото и од она што не ни користи. Да отвориме место за да дојде и протече новото. Што е новото – секоја од вас ќе си избере сама“, објаснува Огњнанова.
Оваа програма ќе ви овозможи:
- внатрешно балансирање и порамнување на енергијата,
- подобро себеспознавање,
- поголема леснотија и
- доаѓање до своето автентично јас.
„Ѝ се обраќам лично на секоја од вас – Дозволи си грижа за себе, а таа грижа ќе се рефлектира на сè oна што тебе ти важно.Ќе се разбуди твојот ентузијазам и она за што си најдобра. Ќе создаваш и помагаш со леснотија, ќе бидеш ти.
Оваа моја проверена програма (на себе и на многу драги пријателки) покажа извонредни резултати. Исчезна заморот, нејаснотијата, тешкото покренување и преземање чекори. Ве канам заедно да ја дочекаме пролетта со бистри мисли, прочистоно тело и високи вибрации“, порачува Огњнанова.
Пријавата за обуката е на следниот линк.