15 дигитални алатки и апликации за да ја почнете 2018 година на вистински начин (2 дел)

- Advertisement -

Од симнување вишок килограми до штедење пари, многумина решија да сменат некои работи во новата година. Но, доколку сте некој кој има проблем со држењето до одлуките, еден од најдобрите начини да ја почнете новата година е да се организирате. За среќа, има многу апликации и дигитални алатки за достигнување на целите.

Има многу алатки кои поддржуваат различни животни стилови било да сте зависник од работа, минималист или вечен патник. Од апликација која ги персонализира настаните и контактите од социјалните медиуми до апликација која се фокусира на GPS и мапирање за да отидете навреме на сите состаноци. Entrepreneur состави листа со 15 апликации и алатки за максимална продуктивност во 2018 година.

- Advertisement -

6. CloudCal
Доколку постојано сет зафатени CloudCal може да ви помогне да менаџирате со сето време. Со помош на стратегијата Magic Circles апликацијата креира кругови и ги обојува за различни настани во текот на денот. Можете да следите колку време сте слободни секој ден за подобро да менаџирате со состаноците. Достапна е бесплатно за Android.

7. Tiny Calendar
Доколку користите Gmail, Tiny Calendar е направена за да ја синхронизира сметката за да организирате и да менаџирате со настани. Tiny Calendar ви овозможува да го гледате календарот на повеќе начини. Секоја промена во апликацијата ќе се смени се и во Gmail. Најдобриот дел е што можете да работите офлајн, па не мора да се грижите да пропуштите некој настан само затоа што немате Интернет. Достапна е за Android и за iOS за 0,99 долари.

- Advertisement -

8. Jorte

Апликацијата е направена за луѓе кои постојано фаќаат белешки. Jorte е совршена за секој што сака да додава забелешки за сите настани на календарот. Иако календарот може да се направи во дневен, неделен или месечен формат, Jorte е особено корисна за постојано да ги имате пред очи сите актуелни задачи. Можете да ја синхронизирате со други апликации и календари на сите уреди. Достапна е бесплатно за Android и за iOS.

- Advertisement -

9. SaiSuke 2
Не знаете каков формат на календар ви одговара? SaiSuke 2 е јапонска апликација која ви нуди 11 различни формати. Можете распоредот на обврските да го направите поперсонализиран со опцијата да избирате сопствена боја и гестови со кои ќе ја контролирате. Достапна е за  iOS за 9,99 долари.

10. DigiCal+
Сакате апсолутно се на едно место? DigiCal+ е апликација која не само што менаџира со личниот календар туку додава распоред на спортски настани и ТВ програми за никогаш да не го пропуштите омилениот тим или ТВ серија. Нуди и 7 различни начини на органзиација на распоредот. Достапна е за Android за 4,99 долари.

Сподели!
- Advertisement -