Париз воведува сензори и радари за детектирање бучни возила во сообраќајот

- Advertisement -


Париз сака да стане помалку бучен град, а за да го постигне тоа ќе се користат сензори кои ќе бидат поставени на улиците. Ова одлука главно е насочена кон возилата кои создаваат неподнослива бучава. Веќе се инсталираат радари со ротирачки камери и микрофони.

На тој начин надлежните ќе можат јасно да видат кое возило е бучно, кој управува со него и колкава бучава се создава. Опремата се тестира, а од наредната година возачите ќе се казнуваат со 135 евра за висока бучава.

- Advertisement -

Париз се смета за еден од најбучните градови во Европа – 5,5 милиони луѓе се изложени на бучава од 55 децибели нагоре, којанастанува од сообраќајот. Светската здравствена организација како максимално дозволена бучава ја смета онаа до 55 децибели.

Се претпоставува дека бучавата го скреатува животниот век на жителите на Париз за 9 месеци и дека влијае негативно на нивната продуктивност. Станува збор за годишен трошок од 147 милијарди евра. Освен тоа, тоа негативно влиаје на цената на недвижностите.

- Advertisement -

Новата стратегија за борба против овој проблем вклучува дополнително ограничување на брзината на движење на возилата. Се тазмислува и за итните служби да ги исклучуваат сирените ноќе.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -