Компанијата Apple најави дека повеќе нема да го произведува и продава својот музички плеер iPod Touch, уред кој направи револуција во слушањето музика.
Првиот iPod се појави во 2001 година и можеше да складира илјада песни, а денес има повеќе од 90 милиони песни на стриминг сервисот на Apple.
Apple iPod Touch е дизајниран од истиот тим кој подоцна го измислил iPhone, телефон кој набрзо го засени музичкиот плеер. Компанијата последен пат го „освежи“ iPod-от во 2019 година.
Имаше неколку модели на iPod во последниве години, вклучувајќи ги и Nano и Shuffle, но iPod Touch, кој се појави во 2007 година, е последниот кој ќе биде испратен во „пензија“. Apple ќе го продава се додека не се потрошат залихите.
Apple тврди дека iPod го промени начинот на кој музиката се „открива, слуша и споделува“. Првиот модел беше претставен од поранешниот шеф на Apple, Стив Џобс во 2001 година.
Извор – usb.mk
Фото – commons.wikimedia