Произведено првото вино од соја во светот

- Advertisement -

Стартап од Сингапур ја претвора отпадната вода од производството на вегетаријанската алтернатива за сирењето направено од млеко – тофу – во вино. SinFooTech ја собира сурутката од соја од локалната фабрика за тофу, која вообичаено се фрла.

Таа сурутка е богата со калциум и со хранливи материи, но има краток век на траење, па затоа тие шро ја преработуваат мора да почнат со преработката само неколку часа откако ќе се направи тофу.

- Advertisement -

SinFooTech ја собира таквата сурутка и додава шеќер и квасец и ја оставаат да ферментира до 6 недели. Со тоа сурутката се трансформира во пијалак што се вика „сачи“ (Sachi), кој содржи 5,8% алкохо и има сладок вкус, како пустинско вино.

Најбитно е тоа што се прави на одржлив начин и се реупотребува нешто што инаку се смета за отпад, што е многу битно во доба кога и отпадот од храна многу ја загадува нашата планета.

- Advertisement -

Замислете само – дури 30% од храната која се произведува во светот се фрла, а истовремено во многу земји илјадници луѓе секојдневно умираат од глад. Освен тоа, отпадот од храна е одговорен за дури 10% од глобалната емисија на СО2.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Sachi)

Сподели!
- Advertisement -