Данска ќе гради три џиновски турбини на ветар

- Advertisement -

Едни од најголемите турбини на ветар поставени среде вода ќе почне со работа во близина на брегот на Данска. Производителите на турбини European Energy и Vestas даде зелено светло за инсталацијата на турбини од типот V236 со капацитет од 15 MW. Со ова данскиот град Фредериксхавен ќе стане дом на идната технологија за турбини на ветар.

Турбините треба да бидат изградени и оперативни до 2024 година, а се планира зелената енергија која ќе се генерира да се претвора во зелени горива кои ќе помогнат поморскиот сообраќај да работи на одржлива енергија.

- Advertisement -

Турбините на ветар кои се поставуваат среде вода ја користат енергијата на моќните ветришта во подлабоките води и бидејќи нема ништо што го попречува ветрот, се движат со поконзистентна и поголема брзина отколку копнените турбини на ветар. За максимално да се искористи овој ресурс ваквите мегаструктури се прицврстуваат за дното на водата и се опремуваат со врвни технологии. Ваквите турбини се големи, постабилни и постојано генерираат енергија.

Vestas ќе дизајнира и ќе изгради три од своите најнови V236-15.0 турбини на ветар на три од вкупно пет тест-места, кои се наоѓаат на околу 4 км од брегот на Фредериксхавен.

- Advertisement -

Како што изјавија од Vestas, ако успешно се изградат овие турбини, наредно планираат да изградатфабрика во близина на пристаништето во Фредериксхавен наречена Power-to-X, која ќе ја претвора зелената генерирана енергија во еколошки горива за бродската индустрија.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -