Научници открија колку е идеално да спиеме ноќе и зошто

- Advertisement -

Нова студија во која беа вклучени половина милион луѓе на научнциите им овозможи нов поглед на начинот на кој спиеме. Студијата ја спроведоа заедно научници од Кина и од Велика Британија и успеаја да го отркијат идеалниот број на часови сон.

Повеќе други студии покажале дека огромен број луѓе во светот не спијат доволно. Но, прашањето што тие го наметнуваат е колку часа спиење е идеално? Научниците од Кина и Велика Британија го следење спиењето на луѓето, нивното здравје и општата состојба на половина милион луѓе. Учесниците се дел од Biobank, долгорочната студија поддржана од владата на Велика Британија.

- Advertisement -

Заклучокот на студијата е дека треба да спиеме по 7 часа секоја ноќ. Тоа важи за луѓето од 38 до 73 години затоа што како што растеме и старееме бројот на часови кои треба да ги спиеме се менува.

Според истражувачите, 7 часови сон ни ја зголемуваат концентрацијата и вниманието, меморијата и способноста да учиме нови работи. Луѓето што спијат добро исто така можат полесно да ги решаваат проблемите и да носат ефективни одлуки. Исто така, откриле дека луѓето кои спијат идеален број на часови имаат подобро ментално здравје и помалку страдате од анксиозност, депресија и општо лошо здравје. Недостигот од сон, пак, од околу 4-5 часа, се поврзува со прерана смрт.

- Advertisement -

Ако знаеме дека 7 часа е идеалното времетраење на спиењето, лесно можеме да претпоставиме дека ако спиеме подолго од тоа ќе имаме поголеми когнитивни способности и подобро ментално здравје. Но, научниците предупредуваат дека предолгото спиење може исто така да му наштети на здравјето, особено на кгнитивните способности. На пример, предолгото спиење се поврзува со ризик деменција. Истражувањето открило и дека оптималниот сон има позитивни ефекти врз структурата на мозокот на постарите луѓе.

Пет начини како да си го подобрите спиењето:

- Advertisement -

-одете на спиење секоја вечер во исто време и будете се секое утро во исто време

-не преспивајте во текот на денот затоа што попладневната дремка го намалува бројот на часови кои ги спиење во текот на ноќта

-не гледајте во екранот од телефонот или таблетот пред спиење затоа што докажано е дека сината светлина од дигиталните уреди може да го поремети деноноќниот ритам кој не тера да спиеме

-внимавајте на внесот а кофеин затоа што може да го поремети и да го фрагментира спиењето. Ако пиете кафе, гледајте тоа да го правите претпладне

-пуштете свеж воздух во спалната соба пред спиење. Отворете го прозорецот за да проциркулира воздухот во собата.

(World Economic Forum)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -