Светот се соочува со една катастрофа на глад, предупредува Светската програма за храна (World Food Programme – WFP). Организацијата за помош со храна на Обединетите нации вели дека најмалку 47 милиони луѓе во 81 земја во светот ќе се најдат на работ на глад поради конфликти, климатски промени, пандемијата на КОВИД-19 и високите цени на храната и горивата.
Смртоносната комбинација од овие четири фактори се совпаѓа со хоничниот недостиг на средства, па затоа од WFP очекуваат годинава да соберат помалку од половина од потребните 18,9 милијарди долари.
Конфликтите се најголемата причина за појавата на глад во светот – 60% од гладните луѓе во светот живеат во региони погодени од војна и насилство. Војната во Украина предизвикува глад така што на луѓето им го зема изворот на приходи и ги принудува да ги напуштаат своите домови, велат од WFP.
Поради климатските шокови во светот во 2020 година беа раселени 30 милиони луѓе затоашто беа уништени нивните домови, нивните посеви, па не можеа самите да се прехранат.
Повеќе од 80% од населението во светот живее во области каде што се случуваат природни шокови. Затоа мора дасе инвестира во изградба на поотпорна инфраструктура како осигирување од слични проблеми во иднина, велат од WFP.
Исто така и пандемијата на КОВИД-19 предизвика досега невидени бројки на гладни луѓе. Пред пандемијата во 2019 година глобално имаше 135 милиони актуно гладни луѓе, а годинава таа бројка достигна 276 милиони, покажуваат податоците на WFP.
Исто така, покачени се и цените на храната и транспортот, па се отежнува обезбедувањето помош за гладните. WFP добива повеќе од половина од пченицата од Украина и од Русија, а поради покачените цени сега како последица на војната организацијата мора да плаќа 30% повеќе отколку во 2019 година, односно плус 42 милиони долари месечно.
WFP има проекти во 117 земји и територии во светот, кадењ што се бори за спречување и отстранување на гладот. Во Африка, на пример, помага да се садат дрвја во пустинскиот регион на Чад. Тие произведуваат до 1 милиони семиња годишно и помагаат да се регенерира деградираното земјиште, да се одгледува храна и да се анулираат последиците од климатските промени.
(World Economic Forum)
(фото: Wikimedia)