Утре започнува „На работ на климатската катастрофа“ – конференција за иницирање промена во креативните размисли

- Advertisement -

Во Музејот на современа уметност утре (20 мај) и сабота (21 мај) ќе се одржи конференцијата „На работ на климатската катастрофа: култура, екологија и креирање политики во 21 век“.

Идејата за конференцијата е таа да претставува вид платформа на која теоретичари и практичари од различни сфери ќе дискутираат и споделуваат знаење за возможните начини на трансформирање на иднината во иднина добра за живеење во човечкото и не-човечкото општество.

- Advertisement -

Конференцијата, која што е во организацијата на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Плоштад Слобода, во партнерство со Платформа Заједничко – Белград и Музеј на современа уметност – Скопје, е дел од проектот на Европската Унија – „АКТ – Уметност, Клима, Промена“ и во поддршка на програмата на Креативна Европа Министерството за култура на РСМ.

„Со оваа конференција целиме кон обнова на нашите перспективи како и кон креирање на простор за генерирање на знаење што произлегува од различни практики и полиња што може да биде коинспирирано од институционалната имагинација/иновативност, трудот, несигурноста, институциите за грижа, ремоделирањето на економските односи и од систематската трансформација, сите овие како форми на акција што им се спротиставуваат на трендоивте и ги деполитизираат прашањата за екологијата и нашата одговорност во врска со неа“, се вели во најавата за претстојната дводневна конференција.

- Advertisement -

Двата дена на програмата ќе има панел дискусии кои ќе ги предводат луѓе од различни сфери кои со своите размисли ги кршат конвенционалните граници на разбирањето за што е тоа заедница, самоорганизација и учество, со што придонесуваат за трансформирана, лична и колективна политика, со цел да се спречат социоекономските неправди кои произлегуваат од климатската катастрофа.

Темите на кои ќе зборуваат говорниците и соработниците се: Трансформација на пристапот на креирање политики во ера на еколошка катастрофа, Институции во културата и екополитиката, Феминистички алијанси за иднината, Разговор за одраст – Нова визија за одржлива иднина, Уметнички практики и екополитички перспективи, Уметничко образование и екологија, истражувања, визии, средби и Трансформативен модел на кровна економија за поодржливо и праведно општество.

- Advertisement -

Модератори на конференцијата ќе бидат Билјана Тануровска-Ќулаковски, Ивана Драгшиќ, Ирена Цветковиќ, Здравко Савески, Маријана Цветковиќ и Виолета Качакова.

Целосната агенда како и подетални информации за настанот може да се најдат ТУКА.

(Meta.mk)

Сподели!
- Advertisement -