Паметните сообраќајни системи ќе ја намалат емисијата на CO2 за 205 милиони тони до 2027 година

- Advertisement -


Паметната технологија за управување со сообраќај може ефективно да се искористи за решавање на проблемите со сообраќајот, да се подобри ефикасноста на транспортот и да се намали емисијата на стакленички гасови. Нова студија од Juniper Research предвидува дека глобалната емисија на CO2 ќе сенамали за 205 милиони метрички тони до 2027 година благодарение на таквите системи. Тоа е раст од 45% во споредба со 145.7 милиони метрички тони во текот на оваа година. Аналитичарите трвдат дека овие бројки се речиси двапати повеќе од емсиијата на CO2 од домашниот транспорт во Велика Британија во 2019 година.

Намалувањето на застојот во сообраќајот ќе биде еден од главните фактори кои ќе придонесат за помало загадување. Паметните системи за управување со сообраќајот користат дигитални технологии за управување со сообраќајот базирани на податоци во реално време со цел да се намали застојот и да се минимизира емисијата на стакленички гасови.

- Advertisement -

Во извештајот се предвидува дека инвестициите во паметни крстосници ќе достигнат 10,2 милијарди долари до 2027 година, што е речиси дупло повеќе од 5,7 милијарди долари за 2022 година. Се предвидува дека производителите на паметни крстосници ќе де фокусираат на подобрување на поврзаноста на патничките возила и екосистемот на локалната патна мрежа. Од Juniper Research препорачуваат провајдерите на таква технологија да ја искористат ниската латенција на 5G во комбинација со алгоритмите за машинско учење за да се добиваат информации во реално време и да се подобри текот на сообраќајот.

(Inceptive Mind)

- Advertisement -

(фото:Volkswagen )

Сподели!
- Advertisement -