Од денес, македонската фудбалска историја има нов момент за славење: посетата на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј во Скопје.
Денес, Скопје е центар на фудбалскиот свет и дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј. Оригиналниот симбол на фудбалската магија изработен од чисто злато што носи возбуда насекаде низ светот, конечно, е во нашата земја.
Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското фудбалско единство пристигна заедно со амбасадорот на турнејата на трофејот, бразилската фудбалска икона Жилберто Силва.
Дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј денес беше Пивара Скопје, официјалниот претставник на The Coca-Cola Company во нашата земја. Трофејот беше откриен во историски момент од страна на г. Стево Пендаровски – Претседател на Република Северна Македонија и фудбалската легенда Жилберто Силва, во присуство на г. Ламбро Патче – Директор за корпоративни политики и одржливост, г. Муарем Сејдини – Претседател на ФФМ, г. Лука Сантандреа, генерален менаџер на франшиза на the Coca-Cola Company, како и во присуство на претставници на медиумите од целата земја.
Претседателот, г. Стево Пендаровски, како шеф на државата, имаше ексклузивна можност да го подигне FIFA World Cup™ трофејот, кој ќе им биде доделен на наредните шампиони на FIFA World Cup™.
„Нема поголемо задоволство и верувам дека сите сме со иста мисла: дека еден ден, наскоро, капитенот на македонската репрезентација ќе го крене високо овој златен трофеј, и ќе го донесе во просториите на ФФМ.“, изјави тој.
Жилберто Силва, Амбасадор на турнејата на трофејот, ја поздрави публиката со обраќање до сета фудбалска јавност:
Нашата должност во фудбалот е да инспирираме, да направиме луѓето да бидат најдобра верзија од себеси, секој ден. Не само во фудбалот, туку и во секојдневниот живот. Па така, вашата држава беше толку блиску до учество во FIFA World Cup™ во Катар и играше толку добро во последните турнири, сигурен сум дека тоа ве поттикна да постигнете уште повеќе. Јас можеби ќе бидам во Лондон, Бразил или било каде на светот, но ќе ве бодрам и се надевам дека ќе ве видам на најдобрата можна позиција во првенството.
Овој неверојатен момент за фудбалската историја во нашата земја беше поздравен и од Ламбро Патче, Директор за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје, каде што денес беше претставен трофејот.
„Пивара Скопје денеска е во центарот на фудбалскиот свет и домаќин на оригиналниот трофеј кој инспирира и зближува многу фудбалски фанови и создава моменти на заедништво, вредни за паметење. Ние во Пивара Скопје сме целосно и безрезервно благодарни што сме дел од овој момент, и што ја споделуваме страста за фудбалот заедно со сите вас и во победи и порази.“
„Фудбалот има моќ да ги инспирира и да ги поврзува луѓето, да надминува пречки додека фудбалските обожаватели ги споделуваат миговите на возбуда и радост. Особено ми е драго што Македонската фудбалска репрезентација имаше неверојатно фудбалско искуство и беше блиску да се квалификува на Светското FIFA World Cup™ во Катар. Засекогаш ќе ги помниме миговите на фудбалска еуфорија во нашата земја. Тоа нека ни биде поттик да се обидеме и да осигуриме место во наредниот циклус на FIFA World Cup™, но и да се бориме за овој трофеј“, рече Муамед Сејдини, Претседател на ФФМ.
Овогодишната турнеја FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola досега пропатува повеќе од 750.000 километри и е дел од кампањата на Светското првенство на ФИФА што ќе се одржи во Катар во 2022 година. Овогодишната глобална турнеја на трофејот ќе патува во 51 земја, вклучувајќи го и нашиот главен град – Скопје, овозможувајќи им на македонските фудбалски обожаватели да уживаат во фудбалската магија.