Владата на Грција подготвува план за вонредна ситуација за заштеда на електрична и друга енергија во случај на целосен и подолг прекин на испораката на руски гас, објави атинскиот весник Ta Nea
Вонредното исклучување на струјата во работни денови ќе ги опфаќа енергетски интензивните индустрии кои не произведуваат основни видови роба. Изворите велат дека таквата опција е исклучена за блиска иднина затоа што пронашле решение за плаќање на гасот на руски Gazprom, но неизвесноста поради војната во Украина повлекува низа интервенции кои во Грција ќе доведат до ограничување на потрошувачката на електрична енергија, како и на транспортот.
Така, како што пренесува весникот, во екстремно сценарио на целосен прекин на испораката на руски гас, и тоа среде туристичка сезона, на основа на планот на електроенергетски менаџери и на Министерството за животна средина и енергетика, ќе се активира план за наизменична ротација на исклучувањето на електричната енергија во земјата во интервали во текот на работните денови.
Целта не е да се исклучи електричната енергија во домаќинствата, во компаниите кои се на нисконапонска мрежа, ни во хотелите и во критичната инфраструктура како што се болниците.
Така, прекини во снабдувањето со електрична енергија наизменично ќе имаат енергетски интензивните и тешките и индустрии и компаниите кои со струја се снабдуваат од среднонапонска мрежа, а не се занимаваат со производство на основни продукти како што е храната.
Струјата кога ќе биде заштедена ќе биде распоредена на домаќинствата и компаниите кои се на нисконапонска мрежа за нивното снабдување со енергија да биде непречено. Владата на Грција размислува и за враќање на работата на далечина за да се заштеди енергија во компаниите, како и препораки за помалку да се користат автомобили за превоз.
Владата на Грција презема и други мерки како превентивно штедење струја, во што ќе го следи моделот на Италија за ограничена употреба на клима уредите и осветлувањето, како и на електричните уреди во јавните згради. Се оечкува наскоро да бидат издадени упатства за тоа.
Така, се препорачува клима-уредите на лето да се подесат на 26027 степени Целзиусови, а на зима просториите да се греат на 19-20 степени Целзиусови. Оонатаму, сијалиците да се заменат со енергетски поефикасни, додека по завршувањето на секоја работа задолжително да се гасат светлата каде што не е неопходно.
(Danas.rs)
(фото: Pixabay)