ОН: Во светот има рекордни над 100 милиони принудно раселени луѓе

- Advertisement -

Над 100 милиони луѓе во светот се принудно иселени од своите домови, велат од агенција за бегалци на ОН. Тоа се нивните најнови податоци за луѓето кои бегаат од насилство, конфликт, прогон и повреда на човечките права. Војната во Украина е еден од факторите кои принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, изјавија од УНХЦР денес.

„Тоа е рекорд кој не требаше да го видиме. Ова мора да ни биде повик кој ќе не пробуди и ќе не натера да ги решиме и да ги превенираме деструктивните конфликти, да ставиме крај на прогонувањето и да ги отстраниме сите причини кои принудуваат невини луѓе да избегаат од домот“ вели високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди.

- Advertisement -

Оваа бројка од 100 милиони е 1% од глобалната популација. Само 13 земји имаат поголема популација од бројот на принудно раселени луѓе во светот. Во 2012 година бројот на раселени луѓе беше 41 милион, додека во 2019 година тој број достигна 79,5 милиони луѓе. Во 2020 година над 82 милиони луѓе во светот беа принудно иселени од дома, а пандемијата во голем процент придонесе за тој раст на бројките.

Во податоците на УНХЦТ се вклучени бегалци, баратели на азил и луѓето раселени во рамките на сопствените земји. Минатата недела од ова хуманитарно дело открија дека бројот на луѓето раселени во рамките на сопствените земји минатата година достигнал околу 60 милиони. Бројот на принудно раселени луѓе до крајот на 2021 година беше околу 90 милиони луѓе.

- Advertisement -

(Al Jazeera)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -