Маск најави дека за една година автомобилите Teslа ќе имаат целосна автономија

- Advertisement -

Сите кои барем малку се информирани за Teslа веројатно досега повеќе пати слушнале за најавите на Илон Маск за целосна автономија на нивните возила и роботизирани такси. Визијата на Маск е компјутерите да заземат целосна контрола над автомобилите на Teslа за во возилата повеќе да нема возачи, туку сите ќе бидат патници кои ќе можат да одмораат, да спијат или да се забавуваат додека се возат.

Tesla со години работи на развој на таква технологија и преку својот автопилот и FSD (Full Self-Driving Beta), а Маск уште претходно најави дека до крајот на 2020 година ќе имаат милион роботизирани такси по патиштата. Неговата визија уште не е остварена и тешко е да се каже кога сопствениците на Teslа ќе можат да дигнат раце од воланот и управувањето да го препуштат на компјутерите.

- Advertisement -

Маск минатата недела го посети Бразил, каде што договара партнерство за користење на Starlink во регионот на Амазон и со својот сателитски интернет сака да поврзе 19.000 рурални училишта, како и да овозможи поефикасно следење на околината на амазонските прашуми. Во разговорот за тамошните медиуми зборуваше и за Teslа и за автономното возење.

Како и секогаш, неговите најави се многу амбициозни и веројатно неостварливи, барем во рокот кој го наведе. Имено, Маск вели дека Tesla за една година ќе има целосно автономни возила во кои нема да има потреба некој да седи зад воланот.

- Advertisement -

Иако Tesla веќе има Full Self-Driving Beta опција, таа опција не е целосно безбедна и од возачот бара спремност на реакција и преземање контрола во случај технологијата да откаже. Со оглед на тоа дека многу луѓе денес тестираат FSD и дека Tesla тие податоци ги користи за тренирање на својот софтвер, се очекува дека таа нивна технологија навистина ќе биде толку добра и прецизна што ќе можеме да и ги довериме своите волани и своите животи. Но, тешко дека можеме да очекуваме тоа да се случи идната година.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -