Мини олимпијада викендов во Велес

- Advertisement -

Околу 400 спортисти од Македонија ќе бидат  учесници на првите Спортски велешки игри – Атлантис Инвест Груп. Игрите ќе траат четири дена, а спортистите, од кои поголем дел активни, ќе се натпреваруваат во мал фудбал, одбојка на песок, баскет и тенис. Настанот ќе се случува на спортските терени на Градскиот парк.

„Почуствувавме дека на Велес му недостасуваа спортски настани. Градот е со богата спортска традиција, сака да се врати на старите спортски патеки. Идејата за настанот ја ставивме на хартија, ја промовиравме пред Општината и како и што очекувавме, наиде на одобрување. Пред околу еден месец започнаа првите подготовки. Идејата ја препозна и компанијата Атлантис Инвест груп, која комплетно застана зад игрите и затоа тие и се насловени по името на генералниот покровител“, велат организаторите од Евентиве.

- Advertisement -

За прв пат во Велес ќе се игра баскет на специјална подлога. За добар натпревар неопходен е добар терен, затоа и организаторот очекува специјалната подлога да биде дополнителна причина за пријавување на повеќе екипи. Обновени се и останатите спортски терени.

„Досега за учество пријавени се 14 екипи во мал фудбал, за баскет натпреварите пријавени се 15 екипи, одбојка на песок 40 , 35-мина засега се пријавени за тенис натпревари. На оваа бројка на учесници треба да се додадат и учесниците во саботниот натпревар bench press&deadlift“, велат од Евентиве.

Вкупниот фонд на награди е 450 илјади денари. Спортските игри се поддржани од Општина Велес, а главен покровител е Атлантис Инвест Груп.

Сподели!
- Advertisement -