Од баристи до инспектори – роботите во Сингапур наголемо ги заменуваат луѓето

- Advertisement -

Откако во текот на пандемијата многу компании имаа проблеми со пронаоѓањето работници, сега некои од нив се одлучија да вработат роботи кои ќе им помогнат во вршењето низа задач – од работа на градилишта до скенирање книги во книжарници.

Градот-држава Сингапур многу зависи од странските работници, но нивниот број од декември 2019 до спетември 2021 година падна за 235.700. Тоа се податоци од Министерството за труд, според кои сузбивањето на ширењето на КОВИД-19 го забрзало и темпото на премин на компаниите кон технологија и автоматизација.

- Advertisement -

На градилиште во Сингапур работи четириножен робот Spot, кој го направи американската компанија Boston Dynamics. Неговата задача е да ја проучува катла и шутот за да овмзожи напредок во градежништвото, а собраните податоци се проверуваат во контролни центри на градежната компанија Gammon.

Директорот на Gammon, Маклј О’Конел, вели дека за користење на Spot потребен е само еден работник наместо досегашните двајца, кои претходно рачно ја вршеле истата работа. Тој верува дека недостигот на работна сила во одредени индустрии, што е резултат на пандемијата, и понатаму ќе биде присутен.

- Advertisement -

Според податоците на Меѓународната федерација за роботика за 2021 година, во Сингапур моментално има 605 роботи на 10.000 вработени во преработувачката индустрија, што е втор најголем број во светот. На прво место е Јужна Кореја со 932 роботи на 10.000 вработени.

Истовремено, сингапурската Национална библиотека најми два роботи чија задача е секојдневно да ги скенираат налепниците на 100.000 книги или околу 30% од вкупниот број книги таму. Персоналот не мора лично да ги проверува нумерираните наслови на полиците, што ја намалува количината на секојдневни обврски за вработените таму.

- Advertisement -

Роботите во Сингапур се користат и на над 30 подземни железнички станици, каде што секојдневно приготвуваат кафе за патниците кои доаѓаат на работа од приграските населби.

Кит Тан, извршен директор на компанијата Crown Digital, која ги осмислила роботите-баристи, вели дека токму тие се решение на проблемот со недостиг на луѓе за приготвување храна и пијалаци, а истовремено се отвораат добро платени работни места во процесот на автоматизација на секторот.

(Zimo)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -