Научници долж австралискиот брег ја открија најпознатата билка на Земјата – морска трева која се протега на речиси 180 км и од Менхетен е поголема речиси трипати, а резултатите од истражувањето беа објавени минатата недела во списанието Proceedings of the Royal Society B.
Истражувачи од Универзитетот на Западна Австралија и Универзитетот Флиндерс ја открија морската трева со латински назив посидонија аустралис во плитките води на Заливот на ајкулите долж западниот брег на Австралија.
Со помош на генетско тестирање утврдиле дека таа голема подморкса ливада долж брегот на западна Австралија е една билка која се проширила од едно семе во текот на период од најмалку 4.500 години.
Новооткриената подморска ливада, на која тимот австралиски истражувачи случајно наишол, покрива околу 200 квадратни километри, велат истражувачи од Универзитетот на Западна Австралија. За да ја откријат генетскатра разноликост на билките кои обично растат долж некои делови од австралискиот брег и да утврдат од колку билки е составена подморската ливада собрале примероци и испитале 18.000 генетски маркери за да создадат генетички профил од секој примерок.
Само една билка се проширила од едно колонизирачко семе на дури 180 км во Заливот на ајкулите, што ја прави најголемата позната билка на Земјата. Оваа билка е исклучителна по својата отпорност затоа што расте на различни подрачја од заливот со многу променливи услови.
(Zimo)
(фото: Flickr)