Европска авиокомпанија ангажира готвачи со Мишелин ѕвезди за своите авиони

- Advertisement -

Човечките сетила не се исти на висина од над 10.000 метри како што се на Земјата. Рецепторите за вкус може да ослабат за дури 30% кога се лета со авион, а причината за тоа е другиот атмосферски притисок и сувиот воздух во кабината.

Некогаш поради овој проблем јадењата во авион биле посолени, имале и повеќе шеќери и зачини за да се засили вкусот, а сето тоа може да има здравствени последици по патниците.

- Advertisement -

Токму поради тоа авиокомпанијата Air France веќе полни седум години соработува со готвачи кои добиле Мишелин ѕвезди и со најдобрите сомелиери во светот за, какоамбасадот во францусата гастрономија, на своите патници во авионите да им понуди гастрономско искуство достојно за најдобрите ресторани.

Од 1 февруари 2024 година патниците со Air France во бизнис ласата на кратки релации ќе можат да уживаат во оброци кои за нив ги осмисли познатиот француски готвач Франсоа Адамски, кој е добитник на Мишелин ѕвезда и некогашен претстедател на тимот на Франција за престижниот кулинарски натпревар Bocuse d’Or.

- Advertisement -

Менито ќе се менува во текот на денот. На летовите пред 10 часот ќе се служи појадок од сендвич со димен лосос, крем сирење и зачини, со француски пецива. После 10 часот ќе се служат гурмански сендвичи со пилешко, димена пиперка и зачинско билки, проследени со традиционални француски слатки.

Гастрономското искуство на летовите со авионите на Air France традиционално почнува со шампањско од строга селекција на вино и шампањско, кое се служи во чаша, како и повеќе толки и ладни пјалаци.

- Advertisement -

Во склад со одлуката на Air France на летовите кои поаѓаат од Франција да се користат само локални продукти, Франсоа Адамски создаде вкусни сендвичи користејќи производи од француско потекло. Следејќи ја политиката за одржлив ќетеринг, оброците се служат во посебно дизајнирани кутии направени од органскиматеријали, кои потоа се рециклираат.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -