И покрај се поголемата побарувачка и зголемувањето на бројот на станици за полнење, бројот на електричните возила се уште е многу помал од бензинците и дизелашите. Во најголем дел од градовите нема доволно станици за полнење и луѓето мора добро да ги планираат патувањата ако не сакаат да заглават среде пат.
Но, во иднина тој проблем со полнењето може да се реши со имплементација на технологија за безжично полнење на батериите по патиштате. Тоа значи дека додека автомобилите возат по таквите патишта или чекаат во колона нивните батерии че се полнат цело време. Тоа, се разбира, не е едноставно, ниту евтино, а како изгледа таа технологија во пракса ќе покаже израелската компанија Electreon.
Таа компанија во САД ќе стартува пилот-проект за изградба на пат со поддршка за безжично полнење, а на почетокот тој пат ќе биде долг само 1,6 км и со тек на време може да се продолжи. Патот, кој треба да биде довршен идната година, ќе биде изграден во центарот на американската автомобилска индустрија – Детроит.
Принципот на бежично полнење е следниот. Под патот ќе биде поставена мрежа за полнење поврзана со енергетската мрежа, а за батериите на автомобилите да може да се полнат во текот на возењето ќе биде потребен посебен приемник кој мора да биде поставен на автомобилот. Подземниот систем не емитува електрична енергија ако по него возат автомобили без таков приемник, што значи дека луѓето и животните кои го преминуваат патот нема да бидат изложени на струен удар.
(Zimo)
(фото: Electreon)