Истражувачи во Јапоија поставија нов брзински рекорд за пренос на податоци од неверојатни 1,02 Pb/s. Истражувачите од Јапонскиот национален институт за информациска и комуникациска технологија NICT брзината ја постигнале со користење на кабли со оптички влакна, кои треба да бидат компатибилни со постојната инфраструктура.
1 петабит е еднаков на 1 милиони гигабити, што значи дека овој нов рекорд е околу 100.000 пати побрз од апсолутно најбрзите куќни брзини на интернет достапни за потрошувачите. Дури и НАСА ќе има брзина на интернет од 400 гигабита во секунда кога во 2023 година ќе се појави шестата генерација на ESnet6 (Energy Sciences Network).
При брзина од 1 петабит во секунда, теоретски, би можеле да се емитуваат 10 милиони канали во секунда и тоа видео со резолуција од 8К. За да го постигнат рекордот истражувачите користеле неколку нови технологии. Оптичките влакна што ги користеле имаат четири јадра, односно стаклени цевки кои пренесуваат сигнали, а ширината на појасот на пренос е проширена на рекордни 20 THz благодарение на технологијата позната како мултиплексирање со бранови должини. Таа ширина на појасот се состои од вкупно 801 канал на бранова должина распоредени во три појаси – вообичаено користеми C и L, како и експериментален S појас.
(NICT)
(фото: Raw Pixel)