Кина ќе постави станица со научна лабораторија во вселената

- Advertisement -

Три астронаути од Кина започнаа шестмесечна мисија во вселената за поставување на нова станица. Ова е најновиот чекор за Кина да стане водечка моќ во вселената за децениите што следат, пренесува Би-Би-Си.

Минатата година, Кина го стави во орбитата првиот модул на својата станица „Тиангонг“ или „Небесната палата“. До крајот на годината се планира да се додадат повеќе модули како научна лабораторија „Менгтиан“.

- Advertisement -

Следната година Кина ќе лансира нов телескоп, што ќе лета блиску „Тиангонг“ и ќе се приклучува со станицата за сервис и полнење гориво. „Тиангонг“ ќе има сопствена струја, погон, системи за одржување на живот и станбени простории.

Кина е третата земја во историјата што има испратено астронаути и изградено станица во вселената по Русија и САД.

- Advertisement -

Амбициите на Кина ќе продолжат со тестирање на примероци од астероиди што се блиску до Земјата. До 2030 година земјата цели да ги испрати своите први астронаути на Месечината и да испрати сонди за да собере примероци од Марс и Јупитер.

Државната новинска агенција, Шинуа пренесе дека околу 300.000 луѓе работат на вселенските проекти што е речиси 18 пати повеќе од тимот што работи во НАСА.

- Advertisement -

Една од главните цели развивањето на сателитската технологија е постигнувањето на телекомуникации, понатаму менаџирање на воздушниот сообраќај, временска прогноза и многу други.  Сепак многу од сателитите имаат воена цел што може да помогнат за шпиунирање на други сили и да водат проектили со долг дострел.

„Мисиите на Кина се плодни од многу аспекти, имаат политичка мотивација, а има и ресурси за да се финансираат планираните програми“, вели за Би-Би-Си Лусинда Кинг, вселенски проектен менаџер на Универзитетот во Портсмут.

Вселенските мисии се делумно мотивирани и од можноста да се извлечат ретки материјали од површината на земјата како што е литиумот.

Инаку, првиот сателит што земјата го прати во вселената беше во 1970 година и целиот процес помина низ огромни прекини предизвикани од Културната Револуција. Во последните 10 години Кина има лансирано повеќе од 200 ракети во вселената.

Извор – Радио МОФ

Фото – Pixel

Сподели!
- Advertisement -