Од почетокот на април, лондончани добија можност времето во кое чекаат на јавниот превоз да го поминат читајќи куси раскази испечатени од машина, пишува Радио МОФ.

Во Лондон се поставени три такви машини, а секоја од нив место кафе, нуди илјадници различни раскази кои се читаат за една, три или пет минути. Напишани од познати автори од минатото и сегашноста, од Вирџинија Вулф па се до Чарлс Дикенс, приказните се испечатени на еколошка хартија и се бесплатни за сите, соопштија од „Canary Wharf Group“, кои ги инсталираа машините.

- Advertisement -

Еден од соработниците е авторот и сценарист Ентони Хоровиц, најпознат по неговите романи за детето шпион Алекс Рајдер.

Ваквите машини се креација на француската фирма „Short Édition“ и се инсталирани во неколку други земји, вклучувајќи ги Франција, САД и Хонг Конг.

- Advertisement -

Од „Canary Wharf Group“, биле поттикнати да ги испробаат машините откако нивното истражување покажало дека повеќе од 53 милиони книги остануваат недочитани секоја година во Обединетото Кралство, бидејќи луѓето “не можат да најдат време за да стигнат до последните поглавја”.

Истражувањето покажало и дека 36 отсто од Британците се откажале од читање најмалку една книга во последните 12 месеци поради недостиг на време, додека 30 отсто признават дека поминале повеќе од шест месеци во кои ја дочитале книгата.

- Advertisement -