Повик за избор на најдобар бизнис план за зелени бизниси

- Advertisement -

Заштитата на животната средина е од есенцијална важност за подобрување на условите за живот, па токму затоа оваа проблематика е се поактуелна и претставува предизвик за голем број на фирми да инкорпорираат зелени бизнис модели или да ги поттикне младите претприемачи да започнат свој бизнис и иницираат еко-промени. За таа цел, општина Гази Баба и ПСМ Фондација, објавуваат повик за натпревар во бизнис план, со цел за поддршка на три стар ап фирми, со фокус на животната средина.

Сите учесници ќе имаат можност да бидат дел од акцелераторската програма за зелени бизниси, имплементирана од ПСМ фондација.

- Advertisement -

Најдобрите идеи ќе имаат можност да добијат награда во износ од 200 000 денари, која вклучува:

  • Целосно опремен канцелариски простор во времетраење од една година;
  • Покриени трошоци за регистрација на фирма во Општина Гази Баба;
  • Учество во акцелераторска програма за зелени бизниси;
  • Континуирана поддршка и менторство за раст и развој на компанијата;
  • Помош при подготовка на апликација / презентација за инвеститори и програми за финансирање;
  • Вмрежување
  • Промоција

За повеќе информации, разгледајте го повикот тука: http://www.pretpriemac.mk/vest-statija/98369/izbor-na-najdobar-biznis-plan-za-zeleni-biznisi  или контактирајте не на: contact@yes.org.mk,

- Advertisement -

           Рокот за аплицирање е до 15 јуни, 2022.

Сподели!
- Advertisement -