Неодамна одобрен лек против дијабетес, кој клинички се истражува поради неговите ефекти врз телесната тежина кај гојазните луѓе, доведе до значително и трајно намалување на тежината во третата фаза од клиничките испитувања, покажуваат резултатите објавени во списанието The New England Journal of Medicine.
Тирзепатид, кој го направи амеирканската фармацевтска компанија Eli Lilly and Company (Lilly), е инјекција која поктожно се става еднаш неделно, а е развиена со цел лекување на дијабетес тип 2.
Иако уште не е индициран за таа употреба, изгледа дека исто така поттикнува на губење на телесната тежина така што ги имитира ефектите на природните хормони наречени инткретини. Овие хормони го намалуваат шеќерот во крвта откако ќе јадеме, освен што ги регулираат метаболичките процеси поврзани со стомакот.
Гојазноста во детството го зголемува ризикот од висок крвен притисок во возрасните години. Податоците за последното клиничко испитување изворно ги објави Lilly кон крајот на април, но сега подетално беа објавени на спимпозиум на Американското здружение за дијабетес.
Според истражувачите, баријатриската хирургија резултира со намалување на тежината од околу 25%-30% во период од 1 до 2 години, додека во моменталната студија над 36% од учесниците кои примале 15 мг од лекот постигнале намалување на тежината од 25% или поврќе без инвазивна хирургија.
Тризепатид, кој се продава под називот „моунџаро“, е одобрен од страна на американската Агенција за храна и лекови за лекување на дијебетес тип 2 во мај годинава.
(Science Alert)
(фото: Raw Pixel)