Имањето кошмари може да е предзнак за Паркинсонова болест

- Advertisement -

Како кошмарите да не се доволно застраѓувачки сами по себе, па сега една нова студија покажа дека кошмарите може да бидат ран предзнак за Паркинсонова болест. Тоа го објавија пред неколку дена истражувачи од Универзитетот Бирмингем.

Истражувањето открило дека постарите мажи кои често имаат кошмари имаат двапати поголема веројатност да им биде дијагностицирана Паркинсонова болест. Претходно веќе беше утврдено дека луѓето кои имаат Паркинсонова болест сонуваат кошмари многу почесто отколку остатокот од популацијата, но оваа нова студија е првата која покажа дека кошмарите може да се индикатор за подоцнежно појавување на болеста.

- Advertisement -

Водечкиот автор на студијата, д-р Абидеми Отаику од универзитетскиот Центар за здравје на човечкиот мозок, вели дека иако е убаво да се дијагностицира Паркинсоновата болест порано, има многу малку индикатори на ризик и за многу од нив се потребни скапи и неспецифични тестови.

Тој додава дека им остануваат уште истражувања, одентификувањето на значењето на лошите соништа и на кошмарите може да индицира дека поединците кои ќе забележат промени во своите соништа на постара возраст, без да има некоја очигледна причина за тоа, треба да се консултираат со лекар.

- Advertisement -

Истражувачите испитувале 3.818 постари мажи во период од 12 години.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -