Најпросто кажано, канцерот е трансформација на нормалните клетки во малигни клетки,кои растат и де размножуваат неконтролирано. Сепак, тие симптоми соодветствуваат не само на една, туку на над 100 болести,а леукемијата е една од нив.
Леукемијата почнува во ткивата кои ја сочинуваат крвта, како што е коскената срж, и резултира со производство на огромен број абнормални клетки, кои навлегуваат во крвотокот. Освен тоа што уште не е јасно точно што предизвикува леукемија, и третманите се комплицирани и зависат од типот на леукемија што го има пациентот. Сепак, има начини да се зголеми ефикасноста на третманите.
Едно ново истражување ќе придонесе за подобро лекување на болеста. Имено, студијата ја спровеле научници од Шпанија и Израел и во текот на истата успеале да ги претворат многу опасните клетки на леукемијата во безопасни клетки така што направиле хемиски модификации во нивната РНК, пишува весникот Jerusalem Post.
Иако досега се направени многу истражувања на канцерот и на трансформацијата на здравите клетки во малигни, научниците знаат многу малку за обратниот процес..
“Знаеме дека една стратегија на туморите за да ја намалуваат ефективноста на лековите e да го менуваат својот изглед и да станат слични со други слични канцери на кои не делува конкретниот лек” вели тимот шпански и израелски научници.
Во таа смисла, тие создале ин витро модел кој клетките на леукемијата ги претвора во безопасни клетки наречени макрофаги.
Досега нивното откритие не р тестирано на луѓе,но ветува доста и отвора простор за понатамошни истражувања во тој правец. Можеби трансформацијата на клетки на леукемија во неканцерозни клетки ќе стане методот со кој човештвото ќе го победи канџерот.
Студијата е објавена во весникот Leukemia.
(Interesting Engineering)