Додека денес имаме голем избор на алатки за сурфање на интернет, тие што се малку постари знаат дека порано немало таков избор и најголем дел од нив користеле само еден интернет-пребарувач – Internet Explorer.
Кога се појави конкуренција со поквалитетни решенија пазарниот удел на Explorer почна брзо да паѓа, а на крајот и Microsoft се откажа од IE и го замени со целосно нов пребарувач – Edge. Сепак, компанијата продолжи да ја поддржува послдната верзија до 15 јуни годинава, кога Explorer и официјално стана дел од историјата.
Додека веста за пензионирањето на Internet Explorer кај некои предизвика носталигја, еден софтверски инженер отиде чекор подалеку и во градот Гијеонгју направи надгробен споменик за интернет-пребарувачот на Microsoft.
Јунг Ки Јанг од Јужна Кореја потрошил 300 долари на споменикот, на кој под логото и буквата “Е” напишал: „Беше добра алатка за преземање други пребарувачи“. Неговата шега и посветата на оваа интернет-алатка станаа вирална сензација и фотографијата со надгробниот споменик брзо се прошири низ цел свет.
(NYPost)
(фото: Twitter)