Научници развија нова техника која може да ги поправи, па дури и да ги регенерира клетките на срцевиот мускул после срцев удар или инфаркт на миокардот, Иако досега е тестирана само на глувци, ако исто делува и кај луѓето, потенијално таа техника би можела да биде спасоносна терапија за сите луше кои ореживеале срцев удар.
Техниката користи синтетичка рибонуклеинска киселина, која создава нацрт ДНК секвенца, која телото потоа ја користи за изградба на протеини кои ги формираат и ги регулираат нашите клетки. Со прилагодување на мРНК научниците може да дадат различни упатства за различни биолошки процеси.
Таквите упатства поттикнуваат репликација на клетките на срцевиот мускул преку два т.н. мутирани транскрипциски фактори, Stemina и YAP5SA. Во суштина, идејата е клетките на срцевиот мускул, кои имаат многу мала способност да се обновуваат, да се однесуваат повеќе како матични клетки, кои телото може да ги претвори во разни специјализирани клетки. Помалку од 1% од возрасните клетки на срцевиот мускул може да се регенерираат затоа што кардиомицитите кои ги имаме кога ќе умреме главно се истите кои сме ги имале од првиот месец од животот, а тоа значи дека срцевите удари и боелсти може да остават трајни траги.
Никој нема успеано тоа да го направи во оваа мера и мислиме дека тоа може да биде можна терапија за луѓето, вели биологот Роберт Шварц од Универзитетот Хјустон во Тексас и еден од авторите на новата студија објавена во научното списание Cardiovascular Aging.
(Science Alert)
(фото: Flickr)