ВИДЕО: Со авион до кое било место во светот за само еден час

- Advertisement -

Во воздухопловството во последно време се се врти околу летала со брзина поголема од 5 маха, што значи дека на кое било место на Земјата ќе може да се стигне за максимум 1 час.

Меѓу таквите проекти е и хиперсоничниот авион Stargazer на американскиот стартап Venus Aerospace, кој наскоро треба да започне со тестирање на минијатурен модел од леталото. Засега нема никакви конкренти информации, освен тоа дека досега имаат собрано на 20 милиони долари од приличо угледни инвестициски фондови и индивидуални инвеститори.

- Advertisement -

Компанијата сега објави дека почнува со развој демонстративни беспилотни и т.н. вселенски авиони, кои ќе можат да летаат со брзина од дури 9 маха, а за полетување и слетување нема да им треба посебна инфраструктура, туку ќе ги користат постојните писти.

Ова можеби не звучи премногу возбудливо затоа што видеата не се гаранција дека проектот ќе успее, но ќе почекаме да ги видиме и првите конкретни тестови и податоците за моторите, аеродинамичните својства, материјалите од кои ќе бидат изработени и сл. Наводно, авионот ќе треба да превезува десетина патници до која било дестинација во светот за помалку од еден час.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -