Избрани пет тимови од Македонија кои ќе развиваат иновативни решенија за справување со климатските промени

- Advertisement -

Изминатиот викенд во просториите на Телеком се одржа тридневна работилница за третиот по ред младински предизвик: „Генерација без граници“ (Generation Unlimited), кој го организираат УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија. Од десет тимови, избрани се пет тимови од млади луѓе, на возраст од 16 до 24 години, кои ќе продолжат во следната, последна фаза од младинскиот предизвик GENERATION UNLIMITED – ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПЛАНЕТАТА 2022.

Во текот на работилниците, младите работеа на развивање и конкретизација на своите првични идеи, поддржани од стручни лица. Менторите работеа со младите во делот на концептуализација на идеите и design thinking; финансиско планирање и креирање на буџет за решенијата; создавање на бренд – идентитет и сл.

- Advertisement -

Во следната фаза продолжуваат тимовите: Oh Swapp Team; Red Hot Chilli Peppers; „Менади“; Bio Techno Logic и 3D Factory. Овие пет идеи ќе бидат поддржани со дополнителни 1.000 $ (по тим), со цел дополнително да се усовршат и подобрат. Нивните идеисе однесуваат на креирање на системи за рециклирање на отпадот и негова повторна употреба како:правилно одложување на органскиот отпад, облека и создавање на нова вредност од истите.

Во претстојниот период, петте тимови ќе продолжат да работат со менторите, а националниот предизвик ќе заврши со финален настан, при крајот на јули, кога ќе бидат избрани две решенија кои ќе ја претставуваат Македонија на глобалниот предизвик GENERATION UNLIMITED.

- Advertisement -

Младинскиот предизвик е дел од партнерството на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија, а е реализиран од Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.

Преку ваквиот тип на предизвици се придонесува за развивање на креативноста и иновативниот пристап кај младите луѓе. Generation Unlimited – ТЕХНОЛОГИЈА ЗА ПЛАНЕТАТА 2022 обедини повеќе од 125 млади (на национално ниво), кои поднесоа апликации за учество на предизвикот.

Сподели!
- Advertisement -