Истражувачи создадоа лесни, преносни текстилни егзомускули кои користат сензори вграденив о ткаенината за да ги откријат движењата на корисникот и да му ја зголема силата. За разлика од егзоскелетите со мотори, кои функционираат и како мускули и како коски и даваат структурна потпора, овие егзомускули ја користат сопствената структура на телото и едноставно на тоа реагираат со дополнителна сила.
Затоа се многу полесни и помалку гломазни, но исто така се и ограничени во тоа колку сила можат да му дадат некому со оглед на тоа колку може да поднесат човечките коски и зглобови. Тим од Универзитетот ETH од Цирих го создаде егзомускулниот скелет за надлактица и подлактица опремен со сензориво ткаенина која пренесува пподатоци за импулсите за контрола на мускулите во контролна кутија, која ги обработува податоците во релано време о одлучува кога да се активираат вештачките мускули. Мускулите се составени од кратки Dyneema поставени паралелно со мускулите на корисникот.
Тимот од ETH го развил Myoshirt посебно за да ја подобри силата и издржливоста на луѓе со ограничено или намалено движење. Тие направиле мал тест и го ставиле скелетот на 10 луѓе без никакви телесни оштетувања, на еден човек со мускулна дистрофија и на еден човек со повреден рбетен мозок.
Во тестот на издржливост, каде што луѓето подигале рака или предмет и го држеле горе, здравите испитаници можеле да ја задржат положбата една третина време подолго со активниот егзомускулен системотколку без него. Пациентот со мускулна дистрофија ја зголемил идржливоста за 60%, а пациентот со повреден рбетен мозок за дури 300%.
Пред Myoshirt да стане комерцијален производ научниците велат дека треба дополнително да го минимизираат и да го модернизираат за да лежи подобро под облеката, и по можност да му ја намалат тежината. Моментално целиот систем тежи околу 4 кг.
(Vidi.hr)
(фото: ETH)