Маичка со која ќе ја учите анатомијата на човечкото тело во засилена реалност

- Advertisement -

Секој што сака подобро да се запознае со човечкото срце или некој друг внатрешен орган сега не мора тоа да го учи од книги. Маичката Curiscopes Virtuali-Tee му овозможува на секого да ја набљудува човечката анатомија со помош на засилена реалност.

Кога некој ќе ја облече маичката и потоа ќе ја активира апликацијата сите околу него ќе можат да гледаат анимиран изглед на внатрешноста на телото. Маичката е опремена со QR код. Кога тој што ја активирал апликацијата ќе помине со телефонот преку маичката ќе може да ги види срцето, белите дробови, вените итн.

- Advertisement -

Virtuali-Tee е достапна за деца и за возрасни, па секој може да се вклучи во забавното учење. Маичките се направени од памук и може да се перат во машина.

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -