Fx3x обезбедува стипендии за вработување од по 3.000 евра за 60 најдобри млади креативци

- Advertisement -

Компанијата Fx3x е домашна компанија што веќе 25 години е дел од сите големи филмски проекти на Холивуд

Со цел поддршка на младите амбициозни луѓе што сакаат постојано да учат, да се надградуваат и да осознаваат нови вештини и искуства, во партнерство со врвно светско студио за визуелни ефекти и анимација Fx3x обезбедува стипендии во вредност од по 3.000 евра за специјализирани обуки на 60 најдобри кандидати. Уписите се отворени до 15 јули, а добредојдени се сите млади креативци со или без искуство.

- Advertisement -

Пред дваесет и пет години со Fx3x започнавме двајца, јас и Миливоје Ѓорѓевиќ, а денес броиме повеќе од сто и педесет вработени. Целта беше да создадеме компанија од светски калибар со врвен тим од луѓе што работат упорно и посветено. Освен квалитетот за кој не правиме компромис, Холивуд нè избира нас пред другите поради моментот на доверба, знаат дека она што ќе го испорачаме, ќе биде производ изработен до перфекција. Сме работеле на многу светски блокбастери и оскаровци, на многу наградени култни филмови и серии. Чест ми е што имам можност да работам со млади амбициозни и креативни луѓе, и како компанија да ги поддржуваме во остварување на својот креативен и кариерен потенцијал“ – изјави Кристијан Даниловски, генерален менаџер и соосновач на Fx3x.

Обуките ќе се реализираат во школата на Fx3x за визуелни ефекти и анимација на VFX Nest, а се организирани во соработка со „ЊуМенс бизнис акцелераторот“. Предвидено е да се спроведат во две главни области, и тоа Визуелни ефекти за филм и 3D моделирање и анимација, секоја со по 450 часа предвидени за предавања и 100 часа предвидени за практични вежби и самостојна работа.

- Advertisement -

Обуките ќе ги изведуваат најдобрите домашни ментори со искуство на најпрестижните проекти во индустријата, а овој пат ќе се вклучат и врвни тренери од една од најголемите светски компании за визуелни ефекти и анимација, со цел за само пет до шест месеци да ги остручат учесниците за директно вработување. Планирано е обуките да се одржуваат хибридно, во живо и онлајн, со можност учесниците надвор од Скопје да следат поголем дел од програмата онлајн.

За сите кандидати што редовно и успешно ќе ги завршат обуките и ќе го положат финалниот тест, ќе биде обезбедено работно место во Fx3x, со можност за натамошен напредок во кариерата, како и интернационална кариера и во рамките на партнерската компанија од светски ранг.

- Advertisement -

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат за стипендирана обука на следниот линк: http://bitly.ws/smeK најдоцна до 15 јули. Дознајте повеќе информации за Fx3x на https://fx3x.com.

Извор – Вработување

Сподели!
- Advertisement -